Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека утрово по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Преку денот, се очекува претежно сончево време со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Се прогнозира минималната температура да биде во интервал од -1 до 7, а максималната да достигне од 21 до 27 степени.
Според најавите, ќе продолжи периодот на појава на магла и ниска облачност по одделни котлини. До средината на неделата ќе се задржи сончево време преку денот и релативно топло за овој период од годината. За во среда, најавено е да има преодна зголемена облачност, проследена со појава на повремен дожд, а дневната температура малку да опадне.


