„Ма нека збори цела чаршија…“ Ова се стиховите што сигурно ќе ги слушаме. „Ма нека збори цела чаршија…“ Ова се стиховите што сигурно ќе ги слушаме.
Нашето музичко дуо ДНК, продолжува со плодната музичка кариера. Денес го објавија новиот хит „Чаршија“ и видео записот снимен за неа.
Песната е направена во соработка со Бока Конга и Мишел Трајковски. Видео спотот е снимени низ локации на старата скопска чаршија и целата песна го доловува целосно нејзиниот дух и звуци.
За потсетување, кон крајот на минатата година ДНК го објави дуетот со Раде Врчаковски – Врчак, насловен „Посреќна“, а во текот на годинава ја објавија песната „Животе брате“, по што следуваше и дуетот со Теа Трајковска, насловен „Амајлија“.


