Уште еден одличен и успешен викенд за борачите на БК Балканец овојпат на Меморијалниот турнир “Љубомир Коцев-Листон” во Велес каде ги постигнаа следните резултати
40кг.Дарио Ѓуров второ место
50кг.Никола Гицев прво место
54кг.Никола Пешев второ место
58кг.Михаил Георгиевски второ место
83кг.Христијан Димитриев прво место
26кг.Лана Николова прво место
Екипата беше предводена од тренерот Константин Шоров.
Инаку Шоров за Радио Angels FM истакна дека до крајот на оваа 2024 година следуваат уште неколку меѓународни турнири за Балканец кој исто така ги спомена и настапите во Пеливанското борење. Додаде дека клубот се подготвува и за традиционалниот турнир Штипски Боречки асови кој традиционално се одржува секоја година во чест на Боречките легенди.