Ова е најпрестижниот математички натпревар за ученици до 15,5 години, а нашето чудо од дете, Дамјан Давков, е најуспешниот натпреварувач во тридецениското постоење на ЈБМО
Околу 70.000 евра се потребни за Македонија да може да ја организира 29. Јуниорска балканска математичка олимпијада (ЈБМО) која треба да се одржи во јуни, идната година. Сојузот на математичари на Македонија (СММ) до крајот на месецов треба да се изјасни дали ќе успее да го организира натпреварот.
– Побаравме финансиска помош од МОН. Добивме негативен одговор. Побаравме и од Владата, оттаму сè уште немам одговор. Неколку поголеми компании нè одбија.– вели проф. д-р Ѓорѓи Маркоски, претседател на СММ.
Македонија во последниве години (особено со успесите на Дамјан, и на меѓународната математичка олимпијада) значајно го погина своето реноме во натпреварите по математика. Ми се чини и дека неговите и успесите на другите натпреварувачи придонесуваат и за поголема масовност и мотивација за изучување математика кај другите ученици од нашата држава. Се разбира и сите поранешни натпреварувачи кои сега се истакнати научници, инженери, професори низ повеќе држави во светот – вели Маркоски.
Според пропозициите, ако до крајот на месецов не успеат да го обезбедат потребниот буџет, ќе мора да ја откажат организацијата на ЈБМО 2025 за да може друга земја да ја преземе оваа обврска.
– По сите успеси во изминатите години, тоа ќе значи голем срам за Македонија, и несериозност