Почина Михаил Ренџов, еден од најреномираните македонски поети, прозаист и преведувач.

Михаил Ренџов е роден на 25 август 1936 година во Штип. Член е на Друштвото на писатели на Македонија и на Македонскиот ПЕН центар.

Автор е на дваесетина збирки поезија, меѓу кои и „Иселеник на огинот“ (поезија, 1965); „Ноќно растење на зборот“ (поезија,1967); „Каде од оваа страна“ (поезија, 1968, „Издишки“ (поезија, 2013). Го превел и епот „Гилгамеш“.

Последната поетска збирка „Зраци“ ја објави во 2023.

Ренџов е добитник е на бројни награди меѓу кои: „11 Октомври“ и „Браќа Миладиновци“ за книгата Нерези (1982), „Григор Прличев“ за поемата „Тој“ (1993), „Ацо Шопов “ за книгата „Јас Оксиморон“ (1999), „Рациново признание“ за книгата „Захариј и други раскази“ (2004), „Григор Прличев“ за поемата „Предвесница“ (2009), „Браќа Миладиновци“ за книгата „Јас. Елегии“ (2017).

Во 2022 го доби орденот „Свети Никола“, што се доделува на заслужни граѓани кои се родени и потекнуваат од Штип.

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *