Извонреден настап на борачите од БК Балканец со 12 освоени медали на Балканското првенство кое се одржа од 03 до 06 октомври во Скопје. Балканец и понатаму го задржува епитетот најтрофеен боречки клуб а тоа го докажа со освоени шест трети, пет втори места, и еден Балкански шампион.
Во категорија 125кг.Теодор Георгиев на градот Штип и на Македонија му го донесе првото место со што стана Балкански шампион.
Останатите постигнати резуитати на БК Балканец
Пионери (У-15)
38кг.Лука Ананиев второ место
41кг.Андреј Мишев  трето место
68кг.Зоран Шоров трето место
50кг.Бојана Ковачова трето место
Во екипен пласман во машка и женска конкуренција македонската репрезентација го освои третото место.
Кадети(У-17)
45кг.Андреј Мишев трето место
48кг.Мусај Бислими второ место
61кг.Мелани Митевска трето место
Во екипен пласман во машка и женска конкуренција македонската репрезентација го освои третото место.
Младинци(У-20)
61кг.Стефан Стојковтрето место
86кг.Дамјан Смилковвторо место
57кг.Марија Цветановавторо место
68кг.Мелани Митевскавторо место
Во екипен пласман во машка конкуренција македонската репрезентација го освои првото место додека во женска конкуренција го освои третото место.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *