Легендарната група „Меморија“ не мирува и после толку многу години напорна и убава естрадна работа. Наголемо се подготвуваат за својот скорашен солистички концерт кој ќе се одржи во салата „Борис Трајковски“ на 16 ноември. Но пред концертот „Меморија“ своите фанови ги израдува со својата најнова песна „За добро нека е“, чиј автор е новиот член на бендот, гитаристот Рубин Димкоски.  Снимени се веќе  пет песни од предвидените 10. Според најавите албумот ќе биде насловен како „Уморни херои“. Ќе биде промовиран во февруари, по големиот славенички концерт на бендот, на 16 ноември, со кој групата одбележува 40 години од своето успешно постоење.

Камиказа, лидерот на „Меморија“ открива уште некои детали во врска со овој концертен настан. – Четирите дами што ќе го украсат нашиот концерт се Ружица Брчиоска од групата „Ареа“, Андријана Јаневска, Дани Димитровска и Сара Мејс. Воедно ова ќе биде технички најопремен концерт во историјата на македонската популарна музика!

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *