Три модни ревии на три реномирани штипски текстилни компании ја одбележаа втората вечер на Shtip Fashion Days 2024.
Во еден од старите и празни погони на поранешната фабрика за џинс „Македонка“, вчеравечер (01.10) се одржа вториот ден на Shtip Fashion Days 2024.
Вториот ден на модниот настан, чија цел е да го поттикне домашното производство и свеста за заштитата на работничките права, помина во знакот на три текстилни компании од Штип.
Во првата вечер се претстави модниот бренд „Нана“ – Mimimal by NANA и NANA
По првите две успешни вечери, трите модни денови во Штип завршуваат вечерва, со две ревии.