Хеман Бекеле, 15-годишник од округот Ферфакс, Вирџинија, е прогласен за „Дете на годината“ за 2024 година. Ова признание доаѓа како резултат на неговиот револуционерен изум: сапун кој потенцијално може да лекува и спречи повеќе форми на рак на кожата.
Петнаесетгодишниот Хеман Бекеле е на пат кон таа реалност. Тој развил сапун кој еден ден може да лекува и спречи повеќе форми на рак на кожата. Хеман Бекеле, 15-годишен тинејџер, роден во Етиопија, се најде на насловна страница на магазинот „Тајм“, кој го прогласи за „Дете на годината 2024“, благодарение на неговото откритие – сапун кој може да помогне во превенција и третман на рак на кожата. Бекеле е роден во Етиопија, каде што како мал сведочел на штетите кои сонцето ги предизвикува врз кожата на луѓето кои работат на отворено. Семејството на Хеман дошло во САД од Етиопија кога тој имал четири години. Хеман се сеќава дека видел луѓе кои работат надвор на сонце без да ја заштитат својата кожа, а од неговите родители дознал за опасностите од ракот и колку е важно луѓето да ја заштитат кожата од сонцето. Ракот на кожата често може да се излечи, но третманот е исклучително скап. Така, по преселбата во САД, започнал да се интересира за науката и на рана возраст почнал да експериментира со хемиски супстанции. Отсекогаш бил љубопитен и експериментирал мешајќи различни течности заедно. Кога имал 7 години, добил хемиски сет на подарок и за малку ќе направел пожар. Како што растел, така почнал да се прашува дали неговата љубопитност навистина може да помогне да се направи разлика.