Секоја година, месец октомври се одбележува со настани за подигање на свеста за ракот на дојка во земјите ширум светот. Значењето да се биде едуциран за оваа болест не може да се потцени: Ако ракот на дојка се открие во рана фаза, во 9 од 10 случаи може да се излечи, па оттука и важноста на раниот скрининг.

Милиони жени се изложени на ризик од добивање на рак на дојка во текот на животот. Затоа е многу важна превенцијата – со редовен самопреглед на дојките секој месец, може да се открие временска промена која и не мора да биде малигна. И што е најважно – ракот на дојка е излечив во повеќе од 90 проценти од случаите доколку се открие и лекува во раните фази на болеста.

Со редовен месечен самопреглед на градите се запознавате со вашите гради, како изгледаат, каква боја се, какви се брадавиците, како се чувствуваат под вашите прсти на различни делови од градите. Доколку добро ги познавате градите, со месечно самопреглед можете да препознаете нова промена и навреме да ја пријавите.

Кои се симптомите на рак на дојка?

Промените што можете да ги забележите со визуелен преглед или палпација на градите може да бидат:

• грутка во градите

• промена на големината или обликот на дојката

• вдлабнатини во кожата или задебелување на ткивото на дојката

• превртена брадавица

• осип на брадавицата

• исцедок од брадавиците

• оток или грутка во пазувите

• болка или непријатност во градите што не поминува

• црвенило на кожата

• кожа како кора од портокал

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *