По пауза од неколку години повторно ќе се одржи STIP FASHION DAYS.

Триденевниот моден настан се одржува токму во градот на модата, и град со најголем број на текстилни компании.

Темата на настанот e  „Реинкарнација“  – целта е да се поттикне домашното производство и да се заштитат работничките права.

Настанот ќе се одржи во старата фабрика Македонка на  30.09, 01.10 и 02.10 а присутните ќе имаат можност  да погледнат ревии од штипските текстилни фабрики, и брендови.

Во модниот настан се вклучени пет инфлуенсери, Маја Кикириткова, Зоки Давитков, Миа Костова, Илариа Кирилов, и Стефан Спирковски.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *