Групата Синтезис амбасадори на македонската музика, го одбележаа својот 30-годишен јубилеј со спектакуларен концерт во Македонската Филхармонија.
Со повеќе од 500 концерти одржани на сите континенти, Синтезис се докажа како најзначајниот извозен музички продукт од Македонија. Нивната мисија е да ја зачуваат македонската традиционална музика. Цели три децении, Синтезис со посветеност и страст ја чува и развива македонската музичка традиција. За потсетување оваа група е формирана во 1995 година, Синтезис ја започна својата кариера со уникатна визија – да ја оживее и презентира македонската традиционална музика на современ начин.