„Бизнисот на задоволството“ на режисерот Гоце Цветановски веќе се прикажува во кино салите низ Македонија. За секое прикажување низ градовите ќе биде објавено.

Филмот во својата меѓународна фестивалска година заобиколи пет континенти, се закити со 32 селекции и доби 10 награди, од кои пет за најдобар филм.  Трилерот на Цветановски ја следи приказната на новинарка, која опседната со исчезнувањето на нејзината најдобра пријателка. Филмот е финансиран од Агенцијата за филм.

Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.

Филмот е финансиран од Агенцијата за филм.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *