„Дуото “Дуле и Коки” ќе постои благодарение и вам како радио. Бидејќи можам да забележам дека нонстоп ги пуштате нашите песни. И тоа навистина многу ме радува и од срце сум ви благодарен. Животот продолжува со песна како онаа нашава “Виолина и гитара”, 11 години од смртта на Дуле секогаш ќе ми носи неверување и тага“ истакна Коки Јанков за Радио АNGELSFM а денес се сеќаваме на Дуле кој почина на денешен ден 23 септември 2013 во Скопје 

Душан Љубисављевиќ – Дуле е роден во Штип на 29 мај 1974 година. Тој беше познат македонски пејач, најпознат како член на дуото Дуле и Коки.

Кариерата ја започнал заедно со неговиот другар Никола Јанков во 90-тите години на XX век во штипските кафулиња како тинејџер. По завршувањето на средното образование се преселил во Скопје, со цел повеќе да се афирмира. На јавноста и станува најпознат во 1996 година кога како дел од дуото „Дуле и Коки“ со песната „Виолина и гитара“ победува на „Макфест“. Автори на нумерата, која станала еден од најубавите македонски евергрини, се Александар Митевски (музика и текст) и Валентино Скендеровски.

Во својот репертоар издаде над 50 композиции, а неколку од нив, како на пример Виолина и гитара, Мене место не ме фака, Марама, Дај ми шанса и други се сметаат за евергрини. Последните месеци пред смртта на Дуле, дуото работело на песните кои требало да се најдат на новиот албум. Дуото престанува да постои со смртта на членот Дуле во 2013 година.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *