Во салата на средното општинско училиште Коле Нехтенин во Штип се одржа првиот и најголемиот Фитнес и Велнес настан, „FITFEST“ прв ваков настан во државата во организација на Teamactive-Штип, и  Beactiveday.

Агенда вклучуваше Тренинг, Панел дискусија, Фитнес тестови за издржливост, Јога и релаксација и многу награди.

Учесниците имаа можност да бидат дел од Панел дискусијата која ја предводеа Маја Марков-мотивационен тренер и Момчило Матич професор по природна медицина на теми здравје и зошто фитнесот треба да биде дел од нашето секојдневие.

Агендата  вклучуваше 3 часа исполнети со едукативна содржина, забава и пакет кој вклучуваше: Маичка, Бесплатен ваучер во Нуга Бест, Бесплатно вежбање, Мини пакет од Алкалоид и уште неколку изненадувања.

Погледенете дел од атмосферата….

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *