Во периодот кој што ни следува, односно новата седмица ни носи “Мини Лето”, па така температурите, како наутро, така и преку ден ќе бидат во значителен пораст, а особено топло ќе биде преку ден кога температурите насекаде ќе надминуваат 20 степени. Во централните и во југоисточните предели тие ќе надминат и 25 степени. Викендoт се очекува да надминат и 30 степени.
„Во вториот дел од седмицата и за време на следниот викенд во погоре споменатите предели температурите се очекува да надминат и 30 степени.
Времето ќе биде претежно стабилно и суво со многу сончеви периоди. Исклучок ќе биде денот вторник и тоа во попладневните и во вечерните часови кога во западните предели ќе има локален дожд и услови за појава на грмежи. Локални врнежи се очекуваат и во среда, а потоа од четврток ќе продолжи периодот на стабилно и суво време.