Oдбележувајќи ја 70-годишнината во своето издание за 2025 година. Гинисовата книга на рекорди ги објави најнеобичните достигнувања за 2024 година.

Еден од истакнатите рекорди му припаѓа на 16-годишниот Ерик од Мичиген, кој има најголеми раце и стапала меѓу тинејџерите. Неговите чевли се со големина 58, а ракавици тешко наоѓа поради неговата градба. Кучињата Бони и Симба од Велика Британија го соборија рекордот за изведување најмногу трикови во одредено време, вклучувајќи фрлање 16 шишиња во корпа за рециклирање во рок од една минута и 17 парчиња облека закачени на јаже за алишта.

Изданието на Гинисовата книга на рекорди за 2025 година, објавено на 12 септември, има долга листа со достигнувања. Вклучува 2.115 записи, како што се најголем број чекори наназад за 30 секунди, најголемата електрична четка за заби, најголемиот број магични трикови изведени во една минута и најголемата колекција на откачени возила во музеј.
Во текот на изминатата година прегледавме речиси 30.000 записи, а резултатот е книга полна со илјадници фантастични факти и подвизи во кои ќе ужива целото семејство – истакна Крег Глендеј, главен уредник на Гинисовата книга на рекорди.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *