Променливо облачно со локален пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 9 до 16°C, а максималната од 18 до 25°C.

Во следните два дена ќе се задржи променливо облачно време со врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни и поројни, проследени со појава на грмежи. Во деновите од викендот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за слаб локален дожд во планинските региони. Дневната температура ќе биде во постепен пораст.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *