Уште една година на познатата манифестација Штипска пастрмалијада, уште една „Нова локација“……
На 20 и 21 септември во Штип се одржува „Штипска пастрмалијада“ подготовките започнаа од синоќа, а најверојатно со расчистување ќе се заврши во недела или ( понеделник)
Годинава Општина Штип одлучи манифестацијата да добие НОВА ( петта по ред) локација во Центарот на Штип, најферкентната улица во градот. Ова значи дека од денес до недела главните улици ќе бидат затворени за сообраќај.
Организаторот одлучи дека ова е идеалната Локација, па гостите од страна ќе мора да бидат трпеливи во сообраќајната гужва и наоѓање на паркинг места.
Почитувани сограѓани, Поради оддржување на манифестација “Пастрмалијада 2024”, почнувајќи од денес 19 Септември до завршување на манифестацијата,улиците кои гравитираат околу локацијата на одржување на пастрамалијадата (шеталиште на ул.”Ванчо Прќе” и станбена зграда “Кубус”) ќе бидат затворени за сообраќај. Ги замолуваме жителите на Општина Штип за разбирање и почитување на сообраќајната сигнализација и воедно апелираме движењето со возила во централното градско подрачје да се одвива само во случај на итни и неодложни работи. Ви благодариме на разбирањето и Ве покануваме овој викенд на дружење и добра забава! истакнаа од општината
На прашањето зошто Штип ја одбра оваа локација знаејќи дека ќе се се создаде сообраќаен метеж Иван Јорданов истакна:
„На денешната пресконференција градоначалникот на Штип Иван Јорданов истакна дека Центарлното градско поддрачје како локација за одржуванње на оваа манифестација е место за целодневна програма имајќи во предвид дека голем дел од угоститеслките објекти се во центарот со што посетителите ќе ги посетат сите угостителски објект но и останатите објекти во центарот. Целта е преку ваквата манифестација да се стимулира локалниот развој со сите дневни анимации и настани“ доадава Иван Јорданов
Додека се правеа подготовките беа отстранети и заштитните столбчиња на што Јорданов истакна дека од понеделник ќе бидат повторно поставени.
И на последното новинарско прашање како ќе функционира манифестацијата без јавен тоалет бидејќи во Штип не функционираат Јорданов истакна дека ќе бидат поставени монтажни тоалети.
Да се надеваме дека годинава акцентот ќе биде ставен на познатиот штипски бренд Пастрмајлија, која би требало да влезе на светската листа на заштитени нематеријални наследства на УНЕСКО, исто како што се најде и народниот обичај за Денот на пролетта во Штип, Четрсе