На годинашното јубилејно 45-то издание на интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ по првпат на Широк сокак во Битола ќе бидат откриени ѕвезди на сите досегашни добитници на наградата „златна камера 300“.

Оваа своевидна патека на славните ќе почнува од пред киното „Манаки“ и ќе оди кон Офицерскиот дом. Годинава ќе бидат откриени 18 ѕвезди. Шестмина од досегашните лауреати ќе присуствуваат на гламурозната свеченост, на која секој ќе ја открие својата ѕвезда. Тоа ќе го направи и годинашниот добитник на „златната камера 300“ за животен опус, францускиот кинематографер Бруно Делбонел, кој го потврдил своето присуство. Ѕвездите се изработени од месинг, со изгравирано име на кинематограферите лауреати, и вградени во плоча од мермер.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *