Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа во западните и источните делови ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд.
Како што информира УХМР, до сабота ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од југозападен правец. Минималната температура ќе се движи од 10 до 19, а максималната од 19 до 28 степени.
В недела ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветерод северозападен правец. Дневната температура ќе изнесуав 23 степени.