На чоколадото му се посветени дури четири празници во годината. Светскиот ден се слави на 7 јули, постојат два национални денови на чоколадото на 28 октомври и 28 декември, а меѓународниот ден се одбележува токму денес, на 13 септември.

Меѓународниот ден на чоколадото е на 13 септември. Чоколадото своето деби го имало пред околу 4.000 години, а сега може да се најде насекаде. Без разлика дали сте љубител на темно чоколадо, бело чоколадо или топло чоколадо, не може да се негира овој богат деликатес!

Исто така, постојат и национални денови на млечната чоколада, на белата чоколада и на какаото.

Токму денешниот ден се слави во чест на Милтон Херши, кој е основач на фабриката „Херши“, а бил роден на 13 септември 1857 година.

Чоколадото денеска не е само десерт. Тоа е своевиден симбол на хедонизмот. Во него се ужива насамо, но и во друштво на најсаканите, се подарува, доаѓа во најразлични верзии и вкусови, а некои слаткари се опседнати со него и се подготвени со негова помош да го направат и невозможното.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *