Со едноставен бакнеж, може да изразиме внимание, почит, поздрав, љубов, пријателство, добра среќа или добар пат……

Многу луѓе имаат заборавено за чувството на припадност и топлина кои произлегуваат од бакнежот, прегратката, насмевката, а се сосема спротивни од сегашниот начин на комуникација каде бакнежите и насмевките се испраќаат преку телефон и смарт апликации, компјутери или се оставаат на социјални мрежи. На Денот на бакнежите бидете во друштво со најблиските, пријателите, кажете им убав збор, прегрнете го оној на кој му треба утеха, подарете искрена насмевка, бидејќи љубовта го движи светот.

Сакајте го чоколадото, уживајте во него……………..

Чоколадото е храна која многумина, пар екселанс, ја поврзуваат со среќата. Сепак, често се смета дека треба да се елиминира за да се има здрав начин на живот и исхрана. Напротив, особено темната чоколада има долга листа на придобивки за нашето тело.

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *