Уште вчера информираа дека денеска во Македонија ќе има портокалово ниво на опасност од невреме, а во делови од земјата и од пообилни врнежи од дожд. Според последните информации, времето денеска во претпладневните часови ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 35 Целзиусови степени. УВ индексот ќе изнесува 7. За време на викендот времето ќе биде стабилно и потопло, а од понеделник кон крајот на денот повторно се очекува локален пороен дожд и грмежи.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *