Истрагата за смртта на американскиот глумец Метју Пери е при крај и полицијата верува дека треба да бидат обвинети повеќе луѓе. Ѕвездата на „Пријатели“ почина во октомври 2023 година. Првично се мислеше дека неговата смрт е случајна, но извештајот од обдукцијата покажа дека тој починал од акутни ефекти на „Кетамин“ и давење.

Минатата недела истрагата доби нов тек, кога е пребарана куќата на позната јавна личност – жена, а одземени ѝ се мобилен телефон и лаптоп. Со засега неименуваната жена извршени се повеќе полициски разговори откако Полицискиот оддел на Лос Анџелес постигнал „значаен напредок во нивната истрага што почна во мај“, изјави неименуван извор за „Ин тач“ (In Touch).

Неименуваната жена „целосно соработувала“ со органите на законот. Изворот навел дека жената и ѕвездата на „Пријатели“ претходно се запознале на рехабилитација, каде што започнало „неочекувано пријателство“.

 

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *