Македонскиот репрезентативец, штипјанецот  Бојан Миовски  по крајот на најдобрата сезона во кариерата, реши да ја побара раката на својата девојка. Убавата вест, еден од најдобрите фудбалери и стрелци во Шкотската лига ја соопшти на Инстаграм.

И додека се пишува за негов трансфер од Абердин, тој се реши за голем потег, ја запроси неговата девојка Сара со која одреден период е во љубовна врска.

Бојан Миовски сезоната за Абердин ја заврши со 53 одиграни натпревари на кои даде 26 гола, со уште четири асистенции.

Македонскиот напаѓач Бојан Миовски зад себе ја остави сезоната на кариерата во Абердин, па затоа за него почнаа да доаѓаат понуди на адреса на шкотскиот премиерлигаш.Првата која пристигна е од Глазгов Ренџерс. Како што јавуваат од Шкотска, „полицајците“ понудиле сума од 5,5 милиони фунти, што е шест милиони евра, но Абердин ја одбил со образложение дека е ниска пишуваат спортските портали.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *