Македонскиот танчер и кореограф Бојан Мицев ја освои втората награда од публиката во Оснабрук, Германија. Годинава беа презентирани седум кореографии со меѓународна конкуренција и тоа од Јужна Кореја, Италија, Јапонија и Унгарија. Метафорички претставени преку врата на сцена која танчерите движејќи ја низ различни позиции низ просторот, наоѓаат начин да преминат од другата страна и да ги надминат своите препреки.
Ова е трета година по ред каде награда доаѓа во рацете на Бојан, по добиените први награди во минатите изданија во 2022 и 2023 година.