Времето ќе биде сончево и многу топло. Нашето подрачје ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса што ќе предизвика времето да биде претежно сончево и натпросечно топло. Утринската температура наместа нема да се спушта под 20 степени, а максималната дневна насекаде ќе биде над 30, а наместа и 40 степени. Во недела попладне ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.