Маргот Фридландер која има 102 години и го преживеала холокаустот, ќе се најде на насловната страница на специјалното двојно издание на германскиот број на списанието „Вог“. Бројот за јули – август е посветен на љубовта, но и на една од ретките живи сведоци на прогонот и убиствата на Евреи во нацистичката ера.
Фридландер, инаку, е „најпозитивната личност“, според „Вог“.
„Таа на многумина им е позната како преживеана од Холокаустот, но таа ги преживеала не само нацистите, туку и предавството и загубата. Таа ги има сите причини да биде огорчена, но останува слободоумна и одбива да заземе страна“, вели тимот на германското издание.Маргот е многукратно наградувана за нејзините напори и грижа.