Македонскиот чаирски романтичар Владо Јаневски, на својот YouTube канал ја промовираше својата најнова балада „Прекрасен ден”
„Прекрасен ден” е комплетно дело на Владо Јаневски, снимена во студиото на Дарко Димитров.
Инаку Владо Јаневски на 10-ти август на Античкиот театар во Охрид за сите свои фанови, обожаватели и сите кои ја слушаат, сакаат и почитуваат неговата музика и сето она што тој го прави и создава, ќе одржи голем концерт.