По 40 години, ќе се изврши темелна реконструкција на улиците во штипската населба Леваци, една од најстарите населби во градот. Реконструкцијата ќе се одвива етапно а  предвидено е изменет сообраќаен режим најави за ЕнџелсФМ градоначалникот Иван Јорданов.

Ќе се реконструираат улиците Кристијан Карпош, Коле Неделковски, АСНОМ, Рудо и другите околни улици во рамките на населбата.  

Најпрво ќе се започне со подземната инсфраструктура со што дел од улиците ќе бидат со променет сообраќаен режим, со отежнато движење и фуннкционирање се  додека трае реконструкцијата. Паралелно е предвидено нови тротоарски површини партерно и хортикултурно уредување. Реконструцијата е предвидена да заврши до крајот на септември

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *