Од вкупно 20 есеи кои учествуваа на 14-от по ред Филозофски филмски фестивал во Скопје, есејот на штипјанецот Методиј Стојанов го освои првото место.
19 годишниот матурант од гимназијата Славо Стојменски под менторство на професорката Данка Јовева, првата награда ја освои на тема  „СТРАВОТ, ПРЕДРАСУДИТЕ И СЛИКАТА ЗА ДРУГИОТ: КАКО ДА ГО ПРОНАЈДЕМЕ ЧОВЕЧКОТО ВО СЕБЕСИ?“.

Победничкиот есеј, ќе биде објавен и во националното филозофско списание „Филозофска трибина“ а Стојанов доби едногодишна стипендија на од Internacionalen Univerzitet Europa PRIMA, македонски филмови од македонската Кинотека, филозофска литература од издавачката куќа „Аз-Буки“ и од Филозофски факултет – Скопје, книги и списанија од областа на филозофијата и филмот од PHILOSOPHICAL SOCIETY of MACEDONIA, пригодни награди од Goethe-Institut Skopje, и ваучери во финансиска вредност од 6.000, 3.000 и 1.500 ден.

За Angels FM 

„Натпревар по пишување на есеј на зададена тема а по повод изгледан филм. Мотив ми беше изгледаниот филм „Стравот ја јаде душата“ (1974) од германскиот режисер Рајнер Вернер Фасбиндер. На анонимниот конкурс пристигнаа 20 есеи, а комисијата за нaјдобар го избра мојот. Инаку иднината ја гледам во филмот и филмската монтажа, и планирам да студирам монтажа. Оваа награда едногодишна стипендија на фукултетот Europa Prima ќе ми дојде одлично“ истакна Методиј Стојанов 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *