Кошаркарите на Црвена Звезда продолжија со добар тренд во дербијата со Партизан. На отворањето на финалната серија во српскиот шампионат, црвено-белите славеа со 89-88.
Мечот во Белград беше крајно драматичен до крајот и доста интересен за следење. Иако Црвена Звезда остана без Јаго кој се повреди, сепак, го победи ривалот.
Црвена Звезда до седмата победа по ред над Партизан во меѓусебните дуели ја водеше Дејан Давидовац со 23 поени, а трагичар на црно-белите е Зек Ледеј кој промаши шут за победа.
Вториот меч од серијата се игра за два дена, а домаќини ќе бидат црно-белите.