Во саботата , 1-ви јуни, на отворената сцена во „Домот на млади“ во Штип, музичката историја се повтори,исто како и пред 33 години. Култната македонска група „Меморија“ повторно испиша нова историја во градот под Исарот.
„Меморија“ концертот под отворено небо го отвори онака као што го најави: Со рефрен медли од најубавите македонски патриотски песни насловен „Македонски бисери“… Од „Едно име имаме“ и „За многу години Македонци“, преку „Заветна“, па се’ до „Налеј, налеј“… Со песна во еден глас од публиката, кренати раце и развиорени македонски знамиња.
На изненадување на штипјани се појави и макфестовската икона Трајче Манев. Неговите добро познати макфестовски балади кои станаа евергрини на сцената ги отпеа заедно со Ристо Самарџиев.
„Меморија“ во Штип понуди енергија во вид на „оган под ѕвездите“
До крајот на годината се очекува нов албум а во ноември и голем концерт во салата Борис Трајковски во Скопје