Победничката балада Под исто небо на Александар Тодороски кој наедно и дебатираше на Макфест во 2021 година ќе добие нова верзија ова лето.
Сега е спакувана во ново, Bossa Nova руво. Вистински летен радио хит за летото кое е пред нас, вели Александар.
Тој стои зад гитарските делови и вокалот на оваа песна, Славко Горгиев – тенор сакс, Давор Јордановски на клавијатури и бас и Мите Димовски на тапани.
Музиката и текстот се на Ристо Самарџиев.
Инаку младиот и талентиран музичар завршил основно и средно музичко училиште и дипломирал на Музичката академија при Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип – отсек класична гитара. Во средно се закитил со две награди за класична гитара и солфеж, во 2015 година, а професионално со музика се занимава од 2014.