Пред десет дена Мадона ја заврши турнејата „Celebration“ со која одбележа 40 години на сцената. Тоа беше многу успешна сезона за пејачката бидејќи успеа да заработи 225 милиони долари, според Билборд и Полстар.
За време на турнејата, Мадона ги посети Европа, Северна и Јужна Америка и одржа вкупно 81 концерт. Последниот беше на плажата Копакабана во Рио де Жанеиро, кој беше бесплатен за јавноста и на кој присуствуваа 1,6 милиони луѓе, со што ѕвездата го собори светскиот рекорд.
Ова беше трета турнеја со најголема заработка на Мадона, а има одржано вкупно 12. Нејзината најголема заработка дојде од турнејата Sticky & Sweet во 2009 година, која заработи 410 милиони долари и го собори светскиот рекорд, а потоа следуваше „The MDNA Tour“ од 2012 година, со која таа оствари профит од 305 милиони.
Кој знае, знае, а Мадона отсекогаш го знаела тоа.
izvor vreme.mk