По четири години ФК Бргалница повторно во Втора лига.
-Последниот пораз на Фудбалскиот клуб Брегалница од Македонија Ѓ.П го зацврсти дното на официјалната табела во ПМФЛ. Ова значи дека по речиси четири години Брегалница се враќа во Втора лига.
-За утеха Брегалница во Втора лига најверојатно ќе игра на градскиот стадион кој се реконструира неколку години.Проектот е на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и учество на Општината, а Штип ќе добие „Најверојатно“ стадион кој ќе одговара на европските стандарди за меѓународни натпревари.
-Инаку ФК Брегалница е еден од најстарите македонски фудбалски колективи, вистинска гордост на Истокот, клуб со кој се препознаваат голем број навивачи од Источна Македонија, дом на бројни истакнати славни фудбалски имиња.
Клубот е формиран во 1921 година, барем согласно фактот дека таа година во Штип е донесена првата фудбалска топка од страна на Васил Вагленарски, тогашен студент во Загреб. Веднаш потоа први кои ја активирале фудбалската игра се браќата Хаџикимовски, браќата Прлејци, Прилепчански, Ковачев, Стојан Балабанов, Кучеванов, Навратил, Гичев, Пенушлиев кои биле истакнати школувани младинци од тоа време, но со огромна страст за фудбалот.
Како прв официјален натпревар одигран во Штип се смета оној на военото игралиште на тогашниот 23 пешадиски полк, комбиниран со формирачите на Брегалница. Потоа сите останати натпревари до пред Втората светска војна се играат на Бело Брдо.