Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Утринската температура ќе биде од 4 до 11 Целзиусови степени, а во текот на денот од 21 до 32 степени.
За утре, во прогнозата на УХМР се вели дека претпладне времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, проследени со појава на грмежи. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен, а на некои места повремено засилен ветер од јужен правец.Температурата утре ќе биде од 6 до 11 степени наутро, а во текот на денот од 15 до 28 Целзиусови степени.