Штипските борци од Џиу Џицу клуубот Осенсеи овој викенд поточно на 23 и 24 март ќе бидат дел од големиот Меѓународен турнир „Роби Рајх Опен“ 2024 во Марибор Словенија, а ќе имаат и настап во првото коло од Џиу Џицу Јадранската лига информираат за Радио AngelsFM. Во своите категории ќе настапат веќе докажаните борци  Данил Николиски, Јован Николиски и Драгана Ѓоргиевска под раководство на тренерите Христијан Јованов и Виктор Велинов.

Инаку во  Јадранската лига ќе настапат и тројца членови од Осенсеи и тоа Христијан Јованов, Виктор Велинов и Данил Николиски.

Од Осенсеи информираат дека овој турнир е редовен на годишниот  календар и е еден од подобрите меѓународни турнири во Европа со преставници од повеќе од 10 држави.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *