Во спортската сала на Основното училиште „Тошо Арсов“ во Штип во среда на 20 март ќе се одржи општинско првенство во Борење за деца почетници од петто до деветто одделение. Општинското првенство е во организација на Боречката федерација на Македонија, Боречкиот клуб Балканец, Агенцијата за млади и спорт и Општина Штип.