Во Штип во недела во Спортскиот центар Јордан Мијалков за првпат ќе се одржи турнир „Штипски Карате Асови“ во организација на еден од најдобрите и најтрофејните Карате клубови во Македонија КК Штип изјави за Angels FM Жарко Арсовски организатор и тренер на клубот
„Во недела за првпат ќе се одржи меѓународен турнир Штипски Карате Асови. Турнирот го организираме јас и мојот брат Сашко Арсовски со цел да прерасне во традиција. Мислам дека Штип заслужува еден ваков турнир, се надеваме на голема поддршка од сите каратисти во Македонија а со цел голема промоција на Каратето како спорт. Досега се најaвeни каратисти од Балканот односно од Грција, Косово и Србија“ истакна Арсовски
Турнирот ќе се одржи во недела 17 март со почеток од 10:00 часот.