Кога туристите фрлаат парички во величествената фонтана Треви во Рим, посакувајќи си желби за здравје, љубов или за враќање во „вечниот град“, тие всушност обезбедуваат помош за луѓе кои никогаш не ги сретнале. овие пари за финансирање банка за храна, народна кујна и за проекти за социјална помош. Собрани 1,4 милиони евра од фонтаната и се очекува да се соберат уште повеќе од она што беше фрлено минатата година. Рим е еден од најпосетуваните градови во светот со 21 милион туристи годишно. Знаците околу фонтаната објаснуваат дека парите ќе одат во хуманитарни цели. Дење и ноќ, луѓето се собираат околу фонтаната и се фотографираат. Легендата вели дека ако фрлите паричка со десната рака преку левото рамо во фонтаната, ќе се вратите во Рим. Луѓето си додаваат и свои лични желби.