Дали Основното Јавно Обвинителство-Штип чека да завршат концертите во Домот на културата Ацо Шопов  за да постапува, или се купува време прашање кое се наметнува откако минатата недела градоначалникот на општина Штип Иван Јорданов поднесе кривична пријава против директорот на инстуцијата Горан Трајков.

За потсетување Кривичната пријава беше поднесена до ОЈО-Штип на 29.02.2024 год, а во неа стои дека Домот на културата Ацо Шопов-Штип неможе да  организира вакви концерти во кои е предвидено уништување на инвентарот односно отстранување на столчињата во големата сала а на нивно место да бидат поставени маси, со акцент дека во самата организација постојано кружат и спонзорирани реклами на социјалните мрежи на кои јасно се гледа и дека ќе се точи алкохол. Па одтука произлезе и револтираноста за тоа дека Домот на културата ќе се претвори во Дискотека

„Шефицата на Јавното Обвинителство во Штип Татјана Кацарова истакна дека предеметот е веќе доделен на Јавен обвинител во Штип за кој  треба да постапува, но повеќе детали не откри поради како што изјави информациите ќе имаат влијани на истрагата. На прашањето кога ќе биде донесена одлуката Кацарова истака дека не би можела да одговори но најверојатно по 10 дена“

AngelsFM минатата недела на оваа тема побара одговор од Министерката Бисера Костадинова Стојчевска за тоа дали е дозволено вакво нешто во Домот на културата? Министерката ни даде одговор дека првпат слуша за ова и дека не е запознаена за случувањата во институцијата.

Во дописот односно одговорот испратен до директорката на Државниот инспекторат за надзор во културните институции стои дека:

„Почитувани на вашите (новинарски) прашања ќе бидат препратени на  запознавање и надлежност на info@kultura.gov.mk , додека по однос на прашањето дали веќе е извршен или ќе се изврши инспекциски надзор во НУ-Центар за култура „Ацо Шопов“- Штип „со цел да се утврди фактичката состојба“, ќе Ви биде одговорено во писмена форма“ Сабина Синан, главен инспектор за култура

Дали Основното јавно обвинителство Штип ќе постапува по завршувањето на концертите кои се најавени во врска со кривичната пријава која на 29 февруари ја поднесе градоначалникот на Штип Иван Јорданов против директорт на Домот на културата Ацо Шопов останува да видиме. Инаку првиот од неколкумината концерти веќе се одржа без маси но со точење алкохол

Инаку на последната прекофернеција која ја одржа директорот Трајков на новинарските прашања дали ќе се отстранува инвентарот од големата сала и дали е дозволено алкохол и како сето тоа ќе се регулира Не сакше да даде конкретен одговор.

Односно истакна „Ќе дојдете ќе видите“

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *