Петар Грашо го распродаде првиот и ќе одржи втор концерт во Македонска филхармонија. Вториот концерт е закажан за 27-ми април од 21 часот. Првиот концерт на Грашо е ден претходно, односно на 26-ти април. Грашо несомнено важи за еден од најталентираните, но и најумерени музичари на денешницата. Апсолутно се што ќе сними и сработи прераснува во хит, па со леснотија полни концертни сали ширум регионов.