Мартин Поповски, ќе го продолжи својот престој во Швајцарија, тој денеска потпиша договор со  Амичитија Цирих каде ќе остане до 2026 година.

„Ќе останам во истиот клуб до 2026, овде сум од 2020 год. Досега бевме Куп-шампиони а сега сме во топ 4 екипи,  во иднини ќе се бориме за првите три места“ истакна Мартин Поповски за AngelsFM

Штипјанецот Поповски кој почетоците ги имаше во РК Текстилец, подоцна во Вардар и Пролет  е најдобар стрелец оваа сезона на тимот од Цирих со 106 голови. Тој игра на десната бековска позиција.

 

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *