2020 – Светската здравствена организација (СЗО) прогласи глобална вонредна состојба поради нова форма на коронавирус што се шири надвор од Кина. Кина пријавила 170 смртни случаи од новиот вирус, а неколку земји пријавиле инфекции кај патници и студенти кои биле во Вухан, централниот кинески град каде за прв пат се појави новиот вид на коронавирус. 

Владите ширум светот се бореа со сите сили за намалување на бројот на заболени и притисокот врз болничките капацитети, поради што насекаде, а не само кај нас, се воведуваа рестриктивни мерки – ограничување на движењето, носење заштитни маски, одржување растојание од 2 метра, изолација и самоизолација до 14 дена за инфицираните лица или за оние за кои имаше сомнеж дека се инфицирани.

Според официјалните податоци на СЗО во светски рамки досега  од коронавирусот заболеа 645.630.482 лица, а дури 6.634.816 починаа од компликации (состојба од 13 декември 2022).

И денес (14.12.2022) на официјалната страница на СЗО може да се види дека има нови заболени од коронавирусот – 3.261.885 случаи пријавени во последните седум дена ширум светот.

 

 

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *