Тој ќе биде задолжен за спортскиот сегмент на клубот, но според договорот, мора да вложи уште 245 милиони во засилувања. Покрај сето тоа, Ретклиф планира да изгради и нов стадион за што, наводно, веќе одвои 2 милијарди фунти.
Причините поради кои размислува на ваков потег се практични затоа што Олд Трафорд се наоѓа во ужасна состојба. Постои опција за реновирање на одредени делови, но многу поисплатливо за сите е да се изгради нов стадион.
„Не би сакал да видам рушење на Олд Трафорд, но чувствувам дека нова верзија на стадионот може да се покаже како најисплатливо решение. Трошоците се поголеми, но клубот може да го поднесе тоа“, смета директорот на архитектонската компанија Популус, Крис Ли.
Олд Трафорд е дом на Манчестер Јунајтед од 1910 година, низ годините неколку пати е реновиран, но има работи кои не можат да се покријат со реновирање. Ако се одлучи на ваков чекор, Јунајтед ќе се соочи со загуби во приходите од натпреварите кои лани изнесувале 136 милиони фунти.