Наутро времето ќе биде студено, а преку денот сончево. Дневните температури особено на поголемите височини ќе бидат над просекот за овој дел од годината, а потоа благо ќе опаѓаат. Наутро ќе има услови за појава на магла или ниска облачност и таму дневната температура ќе остане пониска. Поголемо наоблачување се очекува кон крајот на работната недела.
Температурите ќе се движат од -9 до 10 степени Целзиусови.