Коча веднап по скандалот се извини и најави оставка од претседателската позиција во Анкарагучу. Експресно реагираше и Фудбалскиот сојуз на Труција кој му изрече доживотно отстранување од фудбалската игра, без било каква можност за партиципација во фудбалот во иднина.
Дополнително, Анкарагучу ќе плати и парична казна од 60.000 евра, а исто така ќе мора да игра и пет натпревари на домашен терен без публика поради инцидентот.