Најпознатата божиќна песна „All I Want For Christmas Is You“, во изведба на Мараја Кери, се наоѓа на топ 100 листата на „Билборд“. Но, не и оваа година.

Оваа недела на споменатата топ-листа на првото место се најде песната „Rockin’ Around The Christmas Tree“ која ја отпеа Бренда Ли. Ова е првпат божиќната песна да се најде на врвот на топ-листат и тоа 65 години по објавувањето на песната.

Бренда оваа песна ја снимила кога имала само 13 години. Сега, на 78 години, конечно гледа како нејзината песна станува најголемиот хит во светот. Исто така, песната е меѓу трите празнични песни што стигнала до број 1 досега на оваа листа, а исто така е и најстарата песна на врвот на табелата.

Инаку, претходниот рекорд го држеше добор познатата песна „All I Want for Christmas Is You“, која по 25 години за првпат беше на врвот на топ-листата во 2019 година.

Битката за првото место на Билборд листата не беше лесна. Мараја Кери доминира на листата секој декември од 2019 година, па затоа е изненадувачки што ситуацијата се промени оваа година. Мараја во тие години беше убедливо прва на листата, а Бренда беше веднаш зад неа – на второто место.

Песната „Rockin’ Around The Christmas Tree“ беше продуцирана од Овен Бредли. Почетното влијание на песната на топ листите беше скромно. Бренда Ли првпат се најде на врвот на топ листите во 1960 година со хитовите I’m Sorry и Want to Be Wanted. Со оглед на тој успех, нејзината позната божиќна песна истата година стигна до 14-то место.

Дваесет години подоцна, „Rockin’ Around The Christmas Tree“ стана омилена божиќна песна за многумина, благодарение на филмот Home Alone.

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *